Резултат 2: Зајакната социјална вклученост и подобрени услови за живот и локална инфраструктура
Главниот фокус на оваа компонента е подобрувањето на условите за живот на најранливите категории, како и подобрување на локалната инфраструктура во недоволно развиените региони во Северна Македонија. Проектот обезбедува грантови за локалните самоуправи кои треба да придонесат кон порамномерен развој. Повикот за грантови за локални инфраструктурни проекти беше објавен во август, додека четирите грантови беа доделени во јули 2019. Листата и краткиот опис на доделените грантови е достапен тука.
Проектот исто така работи и на подобрување на условите за живот за граѓаните на локално ниво преку обезбедената поддршка за транспорт на 170,000 м3 отпад од депонијата кај село Фалише во Тетово до депонијата Дрисла, како и за чистење на складираниот токсичен линдан во поранешната фабрика ОХИС.
Активностите во овој резултат се финансирани од Норвешка.