Гевгелија, 19 мај 2022.

Зајакнување на капацитетите на собраниската администрација за процесот за пристапување во ЕУ

Собранието има важна улога во процесот на пристапување во ЕУ, особено во процесот на хармонизација на националното со ЕУ законодавството и спроведување на скринингот по поглавјата.

Зајакнатиот капацитет на собраниската администрација ќе овозможи подобра поддршка на членовите на собранието во спроведувањето на овие процеси како дел од целокупниот процес на интеграција во ЕУ. Токму затоа, во рамките на проектот се организираше дводневна работилница за службениците од Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, како и од Одделението за законодавство, на тема „Зајакнување на улогата на собраниската служба во процесот на вршење на нивната работа за поддршка на пратениците во процесот на донесување на законите“. Обуката имаше за цел да се надградат знаењата за процесите, механизмите и инструментите за транспозиција на европското законодавство. 

Работилницата ја отвори Заменик-генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Бојан Василевски, кој  истакна дека оваа поддршката е добродојдена, имајќи ги во предвид важноста и значењето на институционалниот и административниот капацитет на собраниската администрација, особено по отпочнувањето на скринингот по поглавјата. Заменик-генералниот секретар Василевски ја  потенцираше и  важноста за квалитетна и обучена собраниска служба, особено на оние кои се вклучени во процесот на  процесот на  хармонизација на нашето национално законодавство со правото на ЕУ.

Во изминатиот период, во рамките на проектот се организираа над 40 работилници со претставници на стручните служби на собранието кои опфаќаа различни аспекти од процесот на пристапување во Европската Унија. Покрај стручните служби, проектот организираше и обуки за процесот на пристапување во ЕУ и за членовите на собранието и на Комисијата за европски прашања.