Резултат 1: Подобрен пристап до вработување
Проектот придонесува кон создавање поголеми можности за пристојно вработување или само-вработување преку поддршка на државните институции во спроведување на обуки, обезбедување на менторска поддршка и поврзување на квалификувани работници со локалните компании. Проектот исто така обезбедува директна поддршка на новите бизниси преку набавка на потребна опрема за околу 40 бизниси во нивната најкритична старт-ап фаза.
Во 2019, во соработка со Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија и во рамките на Оперативниот план за вработување за 2019 година, 23 невработени лица од два неразвиени региони поминаа низ обука за претприемништво и развој на деловни вештини. Притоа, беа изработени 20 бизнис-планови и секој претприемач доби грант од 5.300 УСД за набавка на основна опрема за поддршка на својот бизнис. По испораката на опремата набавена од УНОПС, беа отворени 20 нови деловни субјекти, при што беа вработени 20 лица.
Активностите во овој резултат се финансирани од Норвешка.
Поддршка во имплементацијата на националниот оперативен план за вработување во 2019 година.pdf