Белград и Подгорица, 6 јуни 2022.

Користење на регионалните искуства во процесот на интеграција во ЕУ

Проектот организираше четиридневно студиско патување за владини претставници од Северна Македонија во Србија и Црна Гора за да споделат искуства и експертиза од администрацијата и институциите на земјите домаќини за ефектите од Заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика во процесот на пристапување во ЕУ.

Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на Европската Унија има за цел да го зачува мирот и да ја зајакне меѓународната безбедност во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации. ЗНБП овозможува брз одговор на непредвидени геополитички настани и случувања на теренот со распоредување на цивилни мисии и специјални претставници на ЕУ, спроведување на стабилизациони акции, како и мултилатерални и билатерални проекти за неширење и разоружување.
Единаесет претставници од Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања и претставници од други државни институции се сретнаа со нивните колеги од Србија и Црна Гора за да разговараат за научените лекции и најдобрите практики во пристапните преговори поврзани со Поглавјето 31, клучните чекори во процесот, политиката и аспектите и инструментите поврзани со ЗНБП, да дискутираат прашања поврзани со Европската безбедносна и одбранбена политика (ЕСДП), какои и за прашања за контрола на оружјето и неширење, развојни безбедносни предизвици и важни меѓусекторски прашања.

„Овие беа доста интензивни четири дена, исполнети со состаноци со многу различни колеги и добивање на толку многу информации од прва рака поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Секогаш е добро да се учи од регионалните искуства, да се повторуваат нивните позитивни примери и да се избегнуваат истите грешки. Ова беше доста корисна вежба за размена на знаење и искуство што ќе ни помогне во развивањето на нашите приоритети и позиции кога станува збор за преговорите со ЕУ поврзани со поглавјето 31“, рече Гордана Нацева Бошева, заменик-раководител на Секторот за надзор, регулатива и меѓународна соработка, одделение за финансиско разузнавање во Министерството за финансии.

Работната посета на Србија опфати состаноци и обуки организирани во Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана, како и Тркалезна маса со граѓанското општество и Српската национална конвенција за Европската унија на која се разговараше за важноста на граѓанскиот надзор и ангажман поврзани со интеграцијата на ЗНБП во локалното законодавство.

Во Подгорица, делегацијата учествуваше на Вториот состанок на преговарачката работна група за Поглавје 31 од Министерството за европски прашања, кој исто така даде практични примери за тековниот процес на пристапување во ЕУ во Црна Гора. Покрај состанокот, се водеа и дискусии и сесии за споделување знаења организирани од Министерството за надворешни работи и соодветниот Генерален директорат за Европската унија и Генералниот директорат за мултилатерални прашања за општата рамка и улогата на Министерството за надворешни работи во пристапните преговори, Поглавје 31 и усогласување со ЗНБП.