Скопје, 4 септември 2019.

Поддршка на граѓански организации и медиуми за проекти за ЕУ интеграција

Преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, Кралството Шведска обезбеди 520,000 евра за поддршка на граѓански организации и медиуми со цел да се поттикне нивното активно учество и вклученост преку организирање на активности од општ јавен интерес или за обезбедување на поддршка на процесот на пристапување во ЕУ.

Јавниот повик има за цел да помогне во зголемување на инцијативите на граѓанските организации и медиумите да ги следат, да се залагаат и да учествуваат во процеси кои се поврзани со спроведување на клучни реформи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ, обезбедувајќи добра законодавство рамка и развој на одржливи политики кои ќе бидат од корист на граѓаните.

Регистрираните граѓански организации и медиуми имаат можност да аплицираат за грантови до €33,000 во рамките на LOT 1 кој е наменет за поддршка на граѓански организации, и грантови до €80,000 во рамките на LOT 2 наменет за поддршка на медиуми за проекти чијшто период на имплементација е од осум до дванаесет месеци. Деталните критериуми и потребната документација за пријавување може да ги најдете на https://nordiskapoddrska.org.mk/ktext/povik-za-dodeluvanje-na-grantovi-za-gra-anski-organizacii-i-mediumi

Во рамките на активностите за промоција на повикот, закажани се три информативни сесии за презентирање на повикот, споделување на дополнителни информации и појаснување на одредени прашања за повикот:

  • четврток 19 септември – Тетово,  хотел Меркур во 12 часот
  • вторник 24 септември – Битола,  хотел Епинал во 12 часот
  • петок 27 септември – Скопје,  хотел Бест Вестерн во 12 часот

Предлог проектите може да се достават до 30 октомври 2019.