Зајакнување на капацитетите на медиумите за известување за процесот на пристапување во ЕУ
Проектот поддржа 15 новинари од различни медиуми да ги подобрат своите вештини за известување за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Проектот поддржа 15 новинари од различни медиуми да ги подобрат своите вештини за известување за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Групата, избрана преку јавен повик, присуствуваше на еднодневна обука во Скопје и ќе има можност да отпатува во Брисел за да присуствува на објаснувачките скрининг сесии и да се сретне со високи претставници на ЕУ за да разговараат за теми поврзани со важноста на медиумите во известувањето за процесот на пристапување во ЕУ.
Главната цел на обуката за новинарите беше да се зајакне капацитетот на медиумите во врска со известувањето за процесот на пристапување во ЕУ и да се нагласи важноста на овој процес за граѓаните преку балансирано информирање, детално покривање на процесот и споделување релевантни и квалитетни информации со јавноста.
Во моментов, интеграцијата во ЕУ е најголемиот македонски проект кој треба да биде успешна приказна. Неопходно е да се мобилизира целото општество околу оваа задача, да се препознае важноста и тежината на фазата на интеграција во ЕУ во која влегуваме и што е најважно, да се доближи преговарачкиот процес до јавноста, рече вицепремиерот за ЕУ прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричик при отворањето на обуката.
Улогата на медиумите и новинарите е од клучна важност во јавното информирање и подигањето на свеста на граѓаните. Тоа е значајно за реалното прикажување на предизвиците и можностите за Северна Македонија во рамките на процесот на пристапување во ЕУ. Како долгогодишни поддржувачи на медиумите во државата, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во амбасадата на Кралството Шведска во Северна Македонија, со задоволство ги поздрави медиумите и новинарите кои дискутираа за улогата и значењето на медиумите за процесот на интеграција во ЕУ.
Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, рече дека патот до полноправно членство во ЕУ е доста сложен и како таков бара многу труд, посветеност, ресурси, но и поширока кохезија помеѓу сите општествени чинители, како што се медиумите, граѓанскиот сектор, академската заедница, бизнис заедницата итн.
Сите сме еднакви на овој пат и потребен е сечиј придонес за да се постигне целта што како држава ја имаме поставено, а тоа е полноправно членство на Северна Македонија во EУ до 2030 година, рече Дрита Абдиу Халили.
На обуката во Скопје беа дадени детали за спроведувањето на процесот на скрининг, практичното спроведување на преговарачкиот процес презентирани од Драган Тилев и Христина Конеска Бероска од Секретаријатот за европски прашања како главно тело за координација на процесот на пристапување во ЕУ на Северна Македонија. Обуката понуди и регионални согледувања и компаративни искуства на земјите од регионот презентирани од експерти со практично искуство во водење на преговарачкиот процес во Хрватска и Србија. Како дел од овој циклус на обука, новинарите ќе присуствуваат и на објаснувачките скрининг сесии за Поглавје 21 - Трансевропски мрежи, Поглавје 14 - Транспортна политика и Поглавје 27 - Животна средина од 14-18 март во Брисел.