Резултат 3: Поддршка на владината реформска агенда за процесот на пристапување
Проектот поддржува зајакнување на капацитетот за ЕУ интеграција на Република Северна Македонија преку обезбедување на техничка поддршка на државните институции за пристапниот период.
Оваа поддршка има за цел да го зајакне професионалниот и техничкиот капацитет на државата за ЕУ интегративниот процес, како и да обезбеди поддршка во формирањето на преговарачките структури за пристапни преговори со ЕУ.
Проектот, исто така, обезбедува и поддршка на администрацијата на централно ниво, преку зајакнување на нивниот капацитет за комуникација на процесот за пристапување кон ЕУ.
Проектот ангажира домашни и меѓународни експерти како поддршка на министерствата за ревизија на скринингот на ЕУ законодавството, националното законодавство и степенот на хармонизација.
Активностите во овој резултат се финансирани од Норвешка и Шведска.