Канализациската мрежа во должина од 600 метри значително ќе ги подобри условите за живот на 240 жители на селото Суводол. Се очекува работите да завршат до мај 2020 година.
„Со завршување на изградбата на канализациската мрежа, жителите на Суводол ќе почиста животна средина, а со тоа и подобар квалитет на живот. Со овој проект, го заокружуваме канализацискиот систем за целото село“, вели градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјаноски.
Во рамките на проектот се предвидени подготвителни ископувања, поставување и инсталација на цевки и шахти, како и изградба на пречистителна станица за селото. Канализациската мрежа ќе ја подобри инфраструктурата, ќе го намали загадувањето на водите и ќе ги подобри условите за живот на жителите на село Суводол. Со тоа, проектот директно ќе ги намали загадувањето и евентуалните ризици за здравјето.
За спроведување на овој проект, Кралството Норвешка додели 90,000 УСД додека општината Македонски Брод учествува со 43,000 УСД.