Повик до новинари за учество на обуки и дискусии за известување за евроинтегративниот процес
People 2 People и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во рамките на активностите на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, финансисиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА, а имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, ги повикува сите новинари од локалните, регионалните и националните медиуми да се пријават за интерактивни обуки и дискусии за процесот за пристапување во ЕУ.