Скопје, 30 јануари 2023.

Повик за изразување на интерес на новинари за учество на обука за известување за процесот на пристапување во Европската Унија

Проектот „Нордиска поддршка за напредок во Северна Македонија“ објавува повик за избор на новинари за учество на обука за известување за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Со повикот бараме да се пријават новинари, државјани на Република Северна Македонија, кои покриваат теми поврзани со процесот на пристапување во ЕУ, за да се вклучат на еднодневната обука која ќе се организира во текот на февруари 2023 година во Скопје, а која ќе вклучува и патување и учество на сесиите за објаснувачки скрининг планирани од 15-17 март 2023 во Брисел.

Главна цел на обуката за новинари е да се зајакне капацитетот на медиумите во Република Северна Македонија во однос на познавањето и известувањето за процесот на пристапување во ЕУ и да се нагласи значењето на овој процес за граѓаните преку избалансирано информирање,  детално покривање на процесот и споделување на релевантни и квалитетни информации за јавноста.

Оваа обука ќе овозможи новинарите да се запознаат со:

  • Детали поврзани со спроведувањето на процесот на скрининг и практичното спроведување на преговорите

  • Улогата на медиумите во обезбедување квалитетни и навремени информации поврзани со овој процес

  • Важноста на транспарентноста во процесот на интеграција и можните предизвици.

  • Специфичностите на практично известување од сесиите на објаснувачки скрининг.

Обуката ќе вклучи теоретски дел кој ќе се организира во Скопје во февруари 2023, како и практичен дел со патување и учество на сесиите на објаснувачкиот скрининг за Kластер 4 -  Зелена агенда и Одржлива поврзаност, што ќе се одржат во Брисел, во периодот од 15 до 17 март 2023 година.  

Бројот на учесници е ограничен и ќе се утврди согласно расположливите средства за оваа намена во рамки на проектот. 

Трошоците на учесниците за патувањето во Брисел ќе бидат покриени од страна на организаторот.

За повеќе информации и за поднесување на апликација за учество кликнете на следниот линк.